Friday, 22 February 2019 13:25 Фудбал

Лига Европа | Фаворите немаа проблеми за пласман во следното коло од Лига Европа, Интер со 4-0 го преслуша тимот на Рапид Виена, Челси со 3-0 го доби вториот дуел против Малме...



Интер кој продолжува да игра без Икарди, вечерва му даде четири гола на тимот на Рапид Виена и со вкупни 5-0 се пласира во осминафиналето од Лига Европа.

Головите за нероазурите ги постигнаа Вечино, Ранокија, Перишиќ и Политано.

Челси со 3-0 го победи Малме, отпорот на шведскиот тим беше скршен дури во второто полувреме кога во 55. минута Жиру погоди за 1-0. Подоцна голови постигнаа и Барли и Ходсон Одои.

Изнендување можеби беше елиминацијата на Баер Леверкузен кој одигра само 1-1 против Краснодар, рускиот тим поради гол во гости оди понатаму.

Бенфика одигра 0-0 во Лисабон против Галатасарај, но со 2-1 славеше во првиот меч во Истанбул и се пласира во осминафиналето.

Рен со 3-1 го победи Бетис во Севиља и со вкупни 6-4 оди понатаму, место во осминафиналето ќе има и за Динамо Киев кој со 1-0 славеше над Олимпијакос во првиот меч беше 2-2, Славија Прага со 4-1 го победи Генк на негов терен, немаше голови во Чешка.

По овие средби познати се сите осминафиналисти во Лига Европа, тие се: Динамо Загреб, Салцбург, Интер, Славија Прага, Краснодар, Наполи, Челси, Ајнтрахт, Валенсија, Рен, Динамо Киев, Зенит, Виљареал, Арсенал и Бенфика.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...