Friday, 22 February 2019 13:21 Фудбал

Италија | Макси Лопез се огласи по случајот Икарди во кој Мауро остана без капитенската лента, вели дека проблемот е во однесувањето на неговата поранешна сопруга Ванда Нара која не знае најдобро да ги чита ситуациите...



Минатата недела се случи голем потрес на Џузепе Меаца, Интер реши дека Мауро Икарди повеќе не е капитен. Ниту еден од директорите, ниту пак Лучано Спалети, не образложија зошто се решиле на еден ваков потег, и само посочуваа дека тоа е за доброто на клубот.

Се верува дека однесувањето на Ванда Нара и нејзините изјави по медиумите е причината за радикланата одлука, кој веројатно ќе значи и заминување на Мауро Икарди по крајот на сезоната.

Целата ситуација сега ја прокоментира поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез.

„Ванда побара и мене да ми биде агент, но јас кажав не. Има жени кои се многу способни во оваа работа, но мора да ја разделите професијата од семејството, не сакав да ги мешам овие две работи. Во животот имам направено многу грешни избори, но ова беше прав потег“ – вели Аргентинецот, кој сега игра за Васко.

„Проблем е тоа што Ванда премногу дрдори, и тоа во Италија не се толерира. Директорите во Калчото не се како оние во Аргентина, таму работите се сосема поинакви, а таа користи погрешен тон“.

„Мислам дека на директорите на Интер им дошло преку глава од неа и начинот на кој таа се однесува, плус Икарди повеќе не игра на нивото на кое играше во минатото. Добрите агенти ја прават разликата, тие знаат да читаат ситуации како оваа. Знаат кога да притиснат, кога да зборуваат и кога да молчат. Мислам дека играч од калибарот на Икарди мора да биде застапува од личност која ќе биде во склад со неговата големина“.

Макси Лопез има три деца од бракот со Ванда Нара кои сега живеа со Мауро Икарди во Милано. Тој открива дека ретко ги гледа и дека за ова е виновна Ванда но и Икарди.

„Не ги гледам моите деца, секогаш е истата приказна. Играв во неколку клубови во Италија за да бидам блиску до нив, но сегакош се појавуваа пречки. Ванда секогаш наоѓаше изговори. Кога децата беа со мене, таа секој ден се јавуваше по 150 пати и децата секогаш разговараа со неа. Јас пак ретко разговарам со нив, и уште поретко ги гледам. Не можев да ги видам со месеци и покрај тоа што бев само 150 километри далеку од нив. Последен пат ги видов на неколку часа во јануари, кога добив посебна дозвола од Васко“.

„Мојот однос со Ванда е тежок, нема хармонија. Долги години разговаравме само преку адвокати бидејќи работите беа комплицирани. Мауро се однесува исто како неа, понекогаш и полошо. Поради овие причини решив повеќе да не комуницирам со него. Му кажав дека ќе разбере одредени работи кога ќе станте татко, но очигледно не разбрал“.

„На пример, вчера беше роденден на мојот најмал син, и кога тој требаше да крене слушалка за да се слушнеме, тие ја прекинаа врската. Каков однос можете да имате со вакви луѓе?“

Макси Лопез и Мауро Икарди додека играа во Сампдорија беа најдобри другари. Но пријателството згасна кога Ванда Нара го изневери Лопез со Икарди.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...