Friday, 23 July 2010 20:06 Фудбал

Македонија Работнички соопшти дека билетите за дуелот против Ливерпул ќе бидат пуштени во продажба во понеделник а нивната цена ќе изнесува 300 денари


Откако во второто квалификациско коло ја елиминираше Мика, Работнички се избори за дуел со Ливерпул.

Поради тоа што и Тетекс се пласираше во следната фаза и Тетовчани својот прв натпревар го играат во Шведска против Елфсборг, Ливерпул и Работнички го променија првичниот распоред на натпреварите па така првиот дуел што на програмата е на 29ти јули ќе биде одигран во Скопје а реваншот седум дена подоцна на Енфилд.

Работнички денес соопшти дека за дуелот со Ливерпул во понеделник ќе бидат пуштени во продажба 8500 билети за северната трибина на Арената Филип Втори а се прават напори и јужната трибина да биде оспособена за гостувањето на најтрофејниот клуб во Премиер Лигата.

Соопштението на Работнички гласеше: “Билетите за натпреварот со Ливерпул ќе чинат 300 денари. 1100 билети за Северната трибина се резервирани за навивачите на Ливерпул, а 500 билети нема да бидат пуштени во продажба бидејќи еден блок од трибината според прописите на УЕФА мора да биде оставен како тампон-зона меѓу домашните и гостинските навивачи. Ова значи дека од понеделник во продажба ќе бидат пуштени 8500 билети на редовните продажни места.“

“Во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт се прават напори до четврток Јужната трибина на Филип Втори да биде комплетно оспособена за користење. Дали во тоа ќе се успее ќе дознаеме во наредните неколку дена. Во случај на отворање на Јужна за овој натпревар целиот нејзин капацитет ќе им биде доделен на домашните навивачи, а билетите ќе чинат 300 денари исто како и за Север.“

“За сите додатни информации во врска со мечот редовно посетувајте го www.rabotnicki.com.“

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...