Thursday, 22 July 2010 20:06 Фудбал

Италија Маурицио Зампарини открива дека тој ја одбил понудата на Реал Мадрид за услугите на Хавиер Пасторе вредна 25 милиони евра

Претседателот на Палермо додатно вели дека очекува аргентинскиот интернационалец да заврши во Барселона, кај неговиот сонародник и добар пријател, Лионел Меси.

Пасторе минатото лето пристигна во Сицилија и уште тогаш беше најавен како голем талент носејќи го со себе епитетот ’новиот Кака’.

Зампарини постојано откриваше дека голем број клубови од Европа сакаат да стигнат до услугите на плејмејкерот а директорите на Милан секоја недела биле во контакт со него.

Во интервју за Il Giornale претседателот на Палермо сега открива дека одбил понуда од Реал Мадрид вредна 25 милиони евра.

“Дали имам добиена голема понуда? Реал Мадрид доставија понуда вредна 25 милиони евра.” – рече Зампарини. “Но јас веднаш одговорив “НЕ’.”

“На играчот му објаснив се. Тој е интелегентен и разбира се. Подобро е да биде стартер во Палермо отколку резерва во Мадрид.”

“Во секој случај, за мене во моментов тој вреди 50 милиони евра.”

Популарниот Зампа потоа додаде: “Мислам дека Пасторе на крајот ќе заврши во Барселона и покрај тоа што Жозе Мурињо го сака по секоја цена.”

“Пасторе е добар пријател со Лионел Меси и знам дека му има дадено ветување.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...