Thursday, 22 July 2010 12:32 Фудбал

Англија Легендата на Арсенал, Тиери Анри побара од фановите да покажат разбирање околу можното враќање на Цеск Фабрегас во Барселона


Каталонците минатиот месец доставија формална понуда за ангажман на 23 годишниот Фабрегас но Топџиите експресно ја одбија можноста нивниот капитен да замине.

Поранешниот играч на Топџиите, Тиери Анри кој се пресели во Барселона, по осум години поминати во дресот на Арсенал, се надева дека Фабрегас ќе остане на Емирати.

Но напаѓачот вели дека ја разбира желбата на Цеск да се врати дома и побара од фановите на Арсенал исто така да покажат разбирање за евентуалниот трансфер на Фабрегас на Камп Ноу.

Анри, кој сега е дел од Њујорк Ред Бул за Sky Sports News рече: “Сите знаат дека јас го сакам Арсенал па за мене како фан на Арсенал, сакам тој да остане на Емирати.”

“Но во исто време, како можеме да обвиниме некој што сака да се врати дома, бидејќи тоа е негов дом и секогаш сте биле свесни дека еден ден тоа ќе се случи.”

“Секако дека не сакате тоа да се случи сега но како што кажав, не сакам да сум на негово место бидејќи одлуката ќе биде многу деликатна.”

“Ќе повторам – како фан на Арсенал, сакате тој да остане но не можете да обвините некој што сака да се врати дома.”

“Се надевам дека тој на крајот ќе ја донесе правилната одлука за него и се надева – без разлика дали ќе замине или ќе остане – луѓето ќе ја разберат неговата одлука, тоа е најважното нешто.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...