Wednesday, 31 October 2018 21:57 Фудбал

Англија | Фудбалската асоцијација на Англија попладнево соопшти дека Жозе Мурињо куртулил од казна за пцовките упатени кон камерата по крајот на дуелот со Њукасл, немало доволно докази...



„Специјалниот“ се најде на тапет кај ФА откако по драматичната победа и големиот пресврт против Њукасл кога „Ѓаволите“ во вториот дел се вратија од два гола негатива и славеа со 3-2, на патот кон соблекувалните дофрли нешто на камерата која го пратеше.

Беа ангажирани лица кои читаат од усни и тие наводно протолкуваа дека Жозе Мурињо на португалски рекол „fodas filhos de puta“ или во превод „еб*те се ку*вини синови“.

ФА потоа покрена постапка и го обвини тренерот на Манчестер јунајтед дека користел зборови кои биле навредливи и несоодветни и на Португалецот му претеше суспензија.

Сепак, независна регулаторна комисија денеска го разгледа целиот случај и пресуди дека нема доволно докази. Се очекува следната недела во детали да биде образложена ваквата одлука, на која може да се достави жалба.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...