Monday, 22 October 2018 21:20 Фудбал

Шпанија | Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско смета дека е лудост тоа што се размислува за отказ на тренерот Хулен Лопетеги и вели дека чим се бара виновник, сите треба да бидат избркани...



Столчето на Хулен Лопетеги сериозно се ниша по серијата на слаби резултати и се чини дека само прашање на време е кога тој ќе добие отказ. Ваквите информации не му се допаѓаат на Иско, кој ужива голема доверба кај тренерот, и редовно играше во репрезентацијата на Шпанија и покрај тоа што не беше стандарден во Реал Мадрид.

„Мислам дека е лудост да му се даде отказ на тренот, мораме да го оставиме да работи. Доколку тој биде избркан, сите треба да летаме. Играчите се тие кои играат на теренот, фудбалот е колективен спорт, па не може само тренерот да биде виновен. Убеден сум дека заедно можеме да имаме одлична сезона, треба само малку трпение“ - вели фудбалерот од средниот ред.

„Лопетеги заврши одлична работа во Шпанија и истото го прави сега тука, само резултатите во последно време не се во наша корист. Неговата идеја за фудбалот остави импресија кај сите, едноставно овој период ништо не ни поаѓа од рака.“

„Искрано не верувам дека медиумите имаат моќ да го променат тренерот но контроверзијата која ја креирате не постои. Му веруваме. Спокојни сме, но можат да се случат милион работи. Сепак, веруваме во тренерот“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...