Saturday, 17 July 2010 20:24 Фудбал

Англија Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти инсистира дека Ешли Кол и следната сезона ќе настапува на Стемфорд Бриџ, но додава дека имаат доволно напаѓачи во тимот па затоа не им е потребен Фернандо Торес...


Англискиот интернационалец, Ешли Кол силно се поврзува со преселба во Реал Мадрид ова лето откако Жозе Мурињо беше назначен за нов тренер на Стемфорд Бриџ.

Челзи денеска за прв пат ова лето одигра пријателски натпревар и забележа победа од 1-0 во подготвителниот натпревар против Кристал Палас, но Кол и понатаму е на  одмор поради неговиот настап на Светското Првенство.

Анчелоти вели дека не разговарал со Кол бидејќи нема потреба за нешто такво.

Стратегот додава дека левиот бек е под договор со ’Сините’ па затоа Италијанецот е 100% убеден дека Ешли Кол и следната сезона ќе биде играч на Челзи.

“Не сум разговарал со него, нема потреба да разговарам со него и тој нема потреба да зборува со мене.” – рече Анчелоти за шпекулациите кои го поврзуваат Кол со Реал.

“Тој е играч на Челзи, имаше фантастична сезона за нас и ќе биде важен играч и следната сезона. Јас сум 100% сигурен во тоа.”

За шпекулациите кои го поврзуваат Челзи со рекордна понуда од 50 милиони фунти за ангажман на Торес, Анчелоти рече: “Мислам дека немаме потреба од нов напаѓач.”

“Ништо се нема променето бидејќи во следните неколку дена се враќаат Дрогба, Ањелка и Калу а го имаме и Стариџ.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...