Saturday, 17 July 2010 19:44 Фудбал

Шпанија Играчот на Реал Мадрид, Гути вели дека е привлечен од идејата да се пресели во Бешикташ но нагласува дека Кралевите ќе го имаат последниот збор


Шпанецот откри дека ќе разговара со управата на Реал Мадрид на 25ти јули кога ќе се врати во Мадрид по својот одмор и тогаш ќе има појасна слика каква ќе биде неговата иднина.

33 годишниот Гути целата своја кариера ја помина на Сантијаго Бернабе но со новата ера на Флорентино Перез и сите мега трансфери што беа направени минатото лето и трансферите што планира да ги направи Жозе Мурињо ова лето, е јасно дека за играчот ќе нема место во Реал.

“Продолжувам да бидам играч на Реал Мадрид.” – рече Гути за Marca.

“Вистина е дека добив интересна понуда од Бешикташ и вистина е дека сакам да одам во Истанбул каде што тренер е Бернд Шуствер.”

“Но сеуште ништо не е финализирано. Ќе се обидам да разговарам со Реал Мадрид на 25 јули кога ќе се вратам од одмор и ќе видиме што ќе се случи.”

“Вистината е дека сум возбуден од оваа понуда, но знам дека Реал Мадрид ќе го има последниот збор бидејќи имам уште една година од договорот.”

Запрашан дали неговиот трансфер во Бешикташ е пред реализација, Гути додаде: “Не можам да дадам одговор на тоа прашање бидејќи не знам.”

“Знам дека сакам да разговарам со Хорке Валдано и Флорентино Перез па потоа тие ќе одлучат.”

“Дали би можел да останам на Бернабеу? Не знам. Потребно е да разговараме. Потребно е да разговарам со Жозе Мурињо, со генералниот директор со претседатело, па потоа ќе донесеме одлука.”

“До сега немам разговарано со Мурињо.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...