Monday, 15 October 2018 19:14 Фудбал

Македонија | Капитенот на Македонија, Горан Пандев смета дека ова е најдобрата селекција во историјата на нашата земја и ветува дека утре ќе го дадат максимумот за да забележат нов триумф...



Македонија утре во Ереван против Ерменија го игра четвртиот натпревар од Лигата на нации и ќе ја брка четвртата победа со која ќе го потврди првото место во групата.

Капитенот Горан Пандев кој е блиску до 100 натпревар во репрезентативниот дрес, најави игра на победа.

„Имаме три победи од три натпревари и тука дојдовме да ја продолжиме таа серија. Ерменија е квалитетна репрезентација, ги победивме во Скопје, а сега ќе го дадеме максимумот уште еднаш да го направиме тоа“, вели Горан Пандев.

„Се надевам дека наскоро ќе го остварам тој јубилеј 100 натпревар во националниот дрес, радосен сум за тој момент, но уште порадосен дека имаме една силна репрезентација, можеби најсилната во историјата предводена од најдобриот селектор“.

Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра утре (вторник) со почеток од 18 часот.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...