Италија | Даниел Пабло Освалдо не го сака животот на Лео Меси, но не му се бендисува ниту оној на Кристијано Роналдо, Аргентинецот наместо да работи на своето тело сака да прави скара...
Поранешниот напаѓач, кој во разговор со Марка си ја отвори душата, открива дека иако не оставал таков впечаток, бил голем работник на тренинзите, но не бил опседнат како Кристијано Роналдо.
„Секако дека работев на тренинзите. Ми пречеше тоа што луѓето веднаш ми лепеа етикети дека не сум работник поради тоа што сакав рокенрол. Ми велеа, „Сигурно се пијанчиш и се дрогираш“ но воопшто не беше така. Тренирав колку сите други ако не и повеќе. Доколку не тренирав доволно немаше да поминам 10 години во Европа и да играм за репрезентацијата на Италија. Не сакав да бидам најдобар во светот, ниту пак можев. Некои играчи 100% живеат за фудбалот и тоа е супер, но јас не го правев тоа. Тоа ми создаваѓе проблеми бидејќи луѓето постојано бараа повеќе од мене. Кристијано не е генијалец како Меси. Тој е машина. Зад успесите повеќе стои труд и напор отколку талент. Роналдо кога оди дома сака да направи 150 стомачни, јас кога одам дома ја распалувам скарата“ – вели Освалдо.
Запрашан дали тренерите ги разбирале неговите гледишта тој вели: „Поголемиот дел од нив да. Покетино ме разбираше во Еспањол, но не и во Саутемптон бидејќи се промени во Англија. Сфатив дека луѓето не секогаш те сакаат, туку дека си им потребен. Но не можам да се пожалам од Маурисо, ми беше еден од најдобрите трнер, ми беше како татко. Затоа заминав од Рома и се преселив во Саутемптон. Антонио Конте беше најдобриот тренер кој го имав. Секогаш беше во право! Се чинеше дека гледа сè, дури и пред тоа да се случи. Со Луис Енрике имав тензични ситуации бидејќи тој е прилично јасен, има силен карактер но знаеш дека никогаш нема да те излаже. Поради ова од прв момент ја имаше мојата почит. Како тренер беше генијален, сакаше офанзивна игра но во исто време бараше и многу трчање и покривање. Со него се чувствувавме дека можеме да дадеме шест погодока на натпревар и чувството беше убаво“.
Аргентинецот потоа открива дека во текот на целата кариера пушел а цигарите му направиле проблем дури на крајот кога во последната авантура во Бока беше избркан откако Скелото го фатил како пуши во соблекувалната.
„Пушев и кога бев со националниот тим на Италија, тренерите дури знаеа и да ми побараат запалка. Но Скелото беше изненаден кога ме виде со цигара и ме избрка од Бока“.
„Но пред некој ден играв фудбал со пријателите и чувствував како да ќе умрам. Сега се ме боли“.
Извор: 24FUDBAL.com.mk