Wednesday, 14 July 2010 18:01 Фудбал

Англија Андерлехт инсистира дека нивната ѕвезда Ромелу Лукаку ќе остане во клубот се додека не наполни 18 години.


Челзи го следи големиот талент од моментот кога тој дебитираше во тимот на Андерлехт на 16 години, Сините се лидери во трката по неговите услуги.

Неговиот татко Роџер кој е и негов агент, изјави дека во наредните 12 месеци тој нема да замине од Андерлехт се додека не го заврши образованието следната година.

Слики на Facebook потврдија дека Лукако веќе го посетил Стемфорд Бриџ ова лето.

Дидие Дрогба дури и лично му се јавил на 17-годишниот Лукако за да го увери дека Челзи е најдоброто место за неговата кариера.

Но Сините ќе мора да почекаат за негов ангажман бидејќи Андерлехт нема намера да го ослободи уште една година.

"Имаме добра релација со таткото на Ромелу, и тој размислува исто како и ние, играчот да биде со нас се додека не го заврши училиштетот" - изјави генералниот менаџер на Андерлехт Херман ван Холбич за Daily Mail.

"Тој има уште една година до тоа и тоа е причината поради која ние немаме намера да го продадеме ова лето".

"Сите страни се сложни дека тоа е најдобро за него, да продолжи во Андерлехт и следната сезона".

Лукаку има уште 18 месеци од договорот со Андерлехт, но шпекулациите велат дека Челзи веќе постигнал договор со белгискиот клуб, фудбалерот од следната сезона ќе се пресели на Стемфорд Бриџ.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...