Wednesday, 14 July 2010 17:58 Фудбал

Шпанија Барселона потврди дека денес се потпишани документите за подигање заем вреден 155 милиони евра


Новиот претседател, Сандро Росел уште минатата недела откри дека Барса ќе треба да подигне кредит бидејќи се соочува со краткорочни финансиски проблеми и не е во можност да ги исплати платите на фудбалерите.

Управата на клубот денеска ги стави потписите на договорот со кој Барселона од неколку банки ќе добие кредит во износ од 155 милиони евра.

“Барселона денеска потпиша спогодба за подигање заем од група банки, кои се предводени од Ла Каикса и Банко Сантандер, за тотална сума од 155 милиони евра.” – гласеше соопштението на Барса.

“Операцијата е дел од новиот стратегиски план изработен од новиот борд, чиј претседател е Сандро Росел.”

Покрај Ла Каикса и Банко Сантандер парите ќе бидат обезбедени и од Каха Мадрид ББВА, Банесто, Банко Популар, Банко Сабадел, Каикса Каталуња, КАМ и Кахамар.

Потпретседателот за финансии, Хавиер Фаус утре на прес-конференција ќе ги објасни сите детали од договорот.

И покрај финансиските проблеми Росел вети дека Пеп Гвардиола на располагање ќе има трансфер буџет од 50 милиони евра на кој, кога ќе се додадат и парите добиено од продажбата на Чигрински и Јаја Туре, изнесува 89 милиони.

Барса веќе го ангажираше Давид Виља за 40 милиони евра а со преселба на Камп Ноу се поврзува и Цеск Фабрегас за кого Арсенал веќе одби една понуда од Барса вредна 35 милиони евра.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...