ТОП ВИДЕО |
Monday, 10 September 2018 21:30
Фудбал
Македонија | Младите фудбалски надежи влегуваат во финалната фаза од квалификациите каде веќе од поодамна немаат шанса за повторување на претходниот успех, селекторот Илиевски најави дека утрешниот меч ќе биде проба за идниот квалификациски циклус... Ерменија, Русија и Гибралтар, тоа се трите последни противници за нашата млада фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година, во рамките на завршната фаза од квалификациите за пласман на Европското првенство во Италија идната година. Избраниците на Добринко Илиевски немаат никакви шанси од поодамна, со само една победа (против Ерменија на стартот од 0-3) се заковани на дното од табелата во групата „7“ заедно со Гибралтар, кој има идентичен број бодови по сензционалната победа токму над нашите надежи (1-0). Токму Ерменија е нашиот следен противник, а селекторот Илиевски вели дека оваа пресметка ќе биде проба за идниот циклус. „Натпреварот со Ерменија очекуваме да биде тежок, од причини што се работи за противник кој има две до три години постари фудбалери. Се работи за цврста репрезентација, која на фаворитите им даде отпор. Се работи за агресивен ривал, кој ќе дојде тука да се надигрува и да бара реванш за поразот во Ереван. Очекувам борбен натпревар, противник кој ќе „гризе“ на теренот, но тоа и нас ќе ни биде генерална проба за натпреварите во следниот циклус“ истакна Илиевски. Мечот се игра утре со почеток од 15,30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Извор: 24FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|