Tuesday, 04 September 2018 20:36 Фудбал

Италија | Кристијано Роналдо е далеку најплатениот фудбалер во Серија А, Португалецот заработува 31 милиони евра по сезона, за разлика од него, нашиот Горан Пандев има скромна плата од 500.000 евра...

Исто како и секоја година, „Газета дело Спорт“ ги обелодени платите на сите во Серија А. За разлика од претходните изданија, на врвот сега е убедливо Кристијано Роналдо, ЦР7 има годишни примања од 31 милион евра по сезона откако ова лето се пресели во редовите на Јувентус за рекордни 112 милиони евра.

Португалецот заработува три пати повеќе од следниот на листата, Гонзало Игуаин кој по трансферот во Милан има плата од 9,5 милиони евра. Кристијано Роналдо исто така има четири пати поголема плата од вториот најплатен играч во Торино, Пауло Дибала (7 милиони евра).

Во споредба со ЦР7, нашиот Горан Пандев има скромна годишна плата од 500.000 евра, сума која Кристијано Роналдо ја заработува за шест дена.

„Старата Дама“ има дури 12 преставници во најдобро платените 20 играчи, па сосема очекувано има и далеку најголем буџет за плата во Калчото од 219 милиони евра. Втор на оваа листа е Милан со 140 милиони евра, а трет е Интер со 116 милиони евра.

Клубовите од Серија А оваа сезона за плати ќе одвојат рекордни 1,129 милјарди евра.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...