Monday, 12 July 2010 16:03 Фудбал

СП 2010 Сеп Блатер не сакаше да даде оценка за перформансите на судијата Хауард Веб но призна дека фудбалерите на Холандија и Шпанија му ја отежнале работата на арбитарот

Веб покажа рекордни 15 картони, меѓу кои и еден црвен, на вчерашниот дуел помеѓу Холандија и Шпанија во финалето од Светското Првенство.

Лалињата по натпреварот го нападнаа судијата обвинувајќи го дека ја фофоризирал селекцијата на Шпанија.

Првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер не сакаше да коментира за перформансите на Веб но призна дека не бил задоволен од однесувањето на фудбалерите на двете селекции, кои му ја отежнале работата на главниот судија и неговите помошници.

“Финалето не беше онакво какво што јас очекував кога е во прашање фер-плејот.” – рече Блатер.

“Не сум јас тој што треба да суди за перформансите на судиите, јас можам само да кажам дека судиската тројка имаше многу тешка задача доле на теренот.”

“Не беше лесно, навистина не беше тешко и играчите навистина не помагаа за работата на судијата да биде олеснета.”

“Во фудбалот мораме да живееме со грешките на играчите и судиите. Мислам дека перфекција не постои во овој свет.”

Блатер сепак упати пофалби до селекцијата на Шпанија за нивната игра во текот на Светското Првенство.

“Потребно е да упатам комплименти до победникот – Шпанскиот национален тим, Ла Роха.”

“Конечно имавме победник кој играше добар фудбал и можеби од техничка гледна течка можеби имаше некои прашалници но селекторот е тој што одлучава дали ’играме за да победиме или играме за да не загубиме’ и тоа ќе одлучи дали ќе имаме спектакуларен или неспектакуларен натпервар.”

Блатер потоа уште еднаш упати извинување до Англија и Мексико за судиските грешки што се случија претходно во првенството и нагласи дека ФИФА ќе ја разгледува само можноста за употреба технологија на гол-линијата.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...