Saturday, 10 July 2010 15:30 Фудбал

Италија Марио Балотели одбива да потврди дека ќе остане на Џузепе Меаца и упати порака до Интер дека е потребно повеќе да играм

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се заинтересирани да го донесат во своите редови младиот Марио Балотели и двата градски ривали се подготвени да влезат во нова битка овој пат надвор од терените.

Во интервју за Il Corriere dello Sport италијснкиот интернационалец до 21 година одбива да потврди дека останува во Интер и упати порака до Нероаѕурите дека е потребно да игра повеќе.

“Сакам да прикажам добри перформанси во новата сезона бидејќи мислам дека сеуште го немаме видено правиот Балотели, оној кој може да цели кон освојување на Златната Топка.” – рече ’Супер Марио’.

“Кога зборувам за мојата иднина секогаш кажувам ’не знам каква е’ бидејќи сакам следната сезона да играм конзистентно. Потребно ми е тоа. Не може да ме сметаат за вреден играч а да добивам мала шанса..”

“За да дознаете за мојата иднина потребно е да го прашате мојот агент. Но во секој случај, доколку Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ме сакаат, не можам да бидам толку лош...”

“Роберто Манчини? Тој е одличен тренер. Тој ми дозволи да дебитирам во Серија А и му се восхитувам многу, исто така бидејќи е мој пријател.”

Изминатава сезона во неколку наврати Балотели беше ’замрзнат’ по недоразбирањата со тренерот Жозе Мурињо.

“Тој беше добар тренер и јас ќе задржам со мене добри и лоши спомени. Во неколку наврати нашите недоразбирања беа преувеличени од медиумите.”

Запрашан за како се чувствува откако не доби повик од Марчело Липи за мундијалот во Јужна Африка, Балотели одговори: “Секако дека ќе бев среќен доколку бев дел од тимот што играше на СП и долго време ќе жалам поради тоа што бев изоставен дури и ако во иднина настапам на друг мундијал.”

“Среќен сум што голем дел од јавноста побара да бидам вклучен во тимот, но во исто време тоа е и голема одговорност, бидејќи знам дека тимот се наоѓа во центарот на голема контроверзија секогаш кога нема да одигра добро.”

“Ќе биде фантастично да играм покрај Антонио Касано за Италија.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...