Friday, 09 July 2010 20:03 Фудбал

СП 2010 Весли Снајдер во пресрет на неделното финале од Светското Првенство помеѓу Холандија и Шпанија им се заблагодари на фановите на Интер за поддршката што ја добива

Откако во својата прва сезона на Џузепе Меаца, Весли Снајдер стигна до тројната круна сега има шанси да стане првиот фудбалер што на тој успех ја додал и титулата од Светските Првенства.

Снајдер, кој е трансфер цел на Манчестер Јунајтед но не планира да замине од Интер, во пресрет на неделното финале од СП 2010 им се заблагодари на фановите на Интер за поддршката што ја добива.

Преку официјалната веб страна на Интер, Снајдер испрати порака која гласеше:

“Најпрво, сакам да ви се заблагодарам. Благодарам, бидејќи ја чувствував љубовта од фановите на Интер во текот на Светското Првенство.”

“Јас сум тука во Јужна Африка, го носам портакаловиот дрес на Холандија, но знам дека ми испраќате љубов од далеку.”

“Во недела ќе го играм моето четврто финале во седум убави месеци. По незаборавните победи со Интер во Рома, Сиена и Мадрид, ќе играм против Шпанија во натпревар кој е сон за секое дете кога ќе ја добие првата топка: финале од Светското Првенство.”

“Убеден сум дека веднаш штом ќе излезам на теренот ќе ја почувствувам љубовта од фановите на Интер.”

“Како и секогаш, ќе го дадам максимумот за да не ве разочарам. Се гледаме наскоро.”

“Весли.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...