Tuesday, 31 July 2018 12:21 Фудбал

Италија | Гонзало Игуаин се врати во Италија заедно со неговиот брат, кој воедно е и негов агент, вечерва или во текот на утрешниот ден ќе има средба со новиот технички директор на Милан, Леонардо...

Се решава иднината на „Пипита“, Гонзало Игуаин синоќа се врати во Италија за денеска да се појави на тренинг со Јувентус, но не се очекува да остане во Торино премногу.

Со напаѓачот на „Чизмата“ пристигна и неговиот брат, кој воедно е и негов агент. Медиумите од Италија пренесуваат дека Николас веќе имал средба со лидерите на „Старата Дама“ кои му потврдиле дека играчот повеќе не дел од плановите на Макс Алегри и слободно може да си најде нов ангажман.

Милан е во пол позиција, но пред двата клуба да седнат и да ги прецизираат сите деали, Гонзало Игуаин треба да им каже ДА на „Росонерите“. Па затоа Николас вечерва или во текот на утрешниот ден ќе има средба со новиот технички директор Леонардо.

Голгетерот сака плата од 7.5 милиони евра, колку што и сега заработува во Јувентус, па Леонардо нема да има лесна задача . Доколку двете страни си подадат рака, за очекување е Милан и Јувентус да договорат позајмица вредна околу 20 милиони евра, и опција за перманентен трансфер следното лето за додатни 35 милиони евра.

Се верува дека од оваа зделка зависи и трампата помеѓу Бонучи и Калдара, која веројатно ќе биде „глава за глава“ со можност Милан да доплати неколку милиони во бонуси а „Бјанконерите“ да добијат опција да го вратат младиот дефанзивец во иднина за одредена сума.

Извор: 24FUDBAL.com.m

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...