Wednesday, 07 July 2010 19:33 Фудбал

Англија Лаурен Кошчиелни е ново засилување на Арсенал, официјално потврди лондонскиот клуб.


Кошчиелни од Лорен се сели во Арсенал, Топџиите официјално го потврдија новото засилување.

"Фудбалскиот клуб Арсенал е среќен што може да објави дека дефанзивецот Лорен Кошчиелни од францускиот тим Лориен потпиша долгогодишен договор" - стои во соопштението на Арсенал.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер има пофални зборови за Кошчиелни.

"Кошчиелни е централен дефанзивец со одличен квалитет кој одигра екстремно добро минатата сезона за Лориоен. Го идентификувавме како многу силен дефанзивец кој направи голем прогрес".

"Покажа дека е ментално силен и многу голем борец. Кошчиелни е големо засилување за нашиот тим" - изјави Венгер.

Задоволството од трансферот не го криеше ниту самиот фудбалер, французин со полско потекло.

"Многу сум возбуден што потпишувам за Арсенал. Тие се еден од најголемите клубови во Европа со многу одлични фудбалери" - вели Кошчиелни.

"Гледам позитивно кон играњето во Премиер лигата и Лигата на Шампионите со мојот нов клуб".

"Во Арсен Венгер, Арсенал го има еден од најдобрите менаџери во светот и не можам да дочекам да работам со него и да го давам најдоброто за фановите на Арсенал" - изјави новото засилување на Топџиите.

Сумата која Арсенал ќе му ја плати на францускиот клуб Лорен, не е официјално објавена, но медиумите шпекулираат дека таа изнесува 10 милиони фунти.

Кошчиелни ќе го носи дресот со број 6.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...