Tuesday, 06 July 2010 18:35 Фудбал

Англија Фернандо Торес инсистира дека во овој момент не се брза да дискутира за својата иднина со управата на Ливерпул


Шпанскиот интернационалец се поврзува со мега трансфер ова лето откако Црвените не обезбедија учество во Лигата на Шампионите а од клубот си замина и Рафаел Бенитез, кој беше заменет со Рој Хоџсон.

Се шпекулира дека Ливерпул би можел да се сложи на продажба поради финансиските пробелми со кои се соочуваат и долгот од околу 350 милиони фунти.

Торес, кој е под договор со клубот од Енфилд до 2013 и опција за уште една додатна година, вели дека по крајот на Светското Првенство ќе се сретне со управата на клубот и ќе разговара за својата иднина.

“Претпоставувам дека по крајот на СП ќе разговарам со луѓето од Ливерпул и тие ќе ми објаснат каква е реалната ситуација, какви се работите сега, каква ќе биде иднината на клубот, и ќе разговарам со новиот тренер.” – рече Торес за El Mundo Deportivo.

“Има време за тоа, сега сакам само да завршам со Светското Првенство и да заминам на одмор бидејќи три години не сум бил на одмор.”

“Сакам да се одморам и тогаш ќе имам време за сите овие разговори – ситуацијата нема да се промени без разлика дали ќе зборувам порано или подоцна.”

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид одбива да отфрли заминување од Енфилд ова лето и инситира дека ништо нема да се случи се додека трае мундијалот во Јужна Африка.

“Искрено, клубовите нема да можат да направат ништо додека не финишира Светското Првенство.”

“Играчите тука преферираат да чекаат – има многу време на располагање.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...