ВИЦ
Муабет на двајца пензионери: ТОП ВИДЕО |
Monday, 16 July 2018 09:01
Фудбал
СП 2018 | Антоан Гризман открива дека сакал да го копира Зинедин Зидан и пеналот против Хрватска да го шутира со паненка но на крајот се предомислил и решил да пласира... Франција со 4-2 триумфираше во финалето над Хрватска и стигна до златото на СП 2018. „Триколорите“ поведоа со автоголот на Манџукиќ, но „Ватрените“ брзо се вратија преку Перишиќ. На полувреме Франција сепак замина со предност откако токму Перишиќ несреќно играше со рака во шеснаесетникот, а Питана по консултацијата со ВАР покажа на белата точка. Антоан Гризман ја превзеде одговорноста и ја изведе најстрогата казна. По крајот на мечот, фудбалерот на Атлетико Мадрид откри дека сакал да го копира Зинедин Зидан, кој во финалето во 2006 против Џиџи Буфон ладнокрвно шутираше со паненка. Но напаѓачот очигледно нема дрскост и храброс како легендарниот Зизу па се решил да не експериментира. „Се двоумев дали да шутирам паненка како Зидан“ – вели Гризман. „На крајот одлучив да пласирам“. Што се однесувам до триумфот на Светското првенство и победата над Хрватска, тој додава: „Не знам каде се наоѓам! Многу сум среќен, ова беше навистина тежок меч, Хрватска одигра голем натпревар. Со нетрпение чекаме да го подигнеме трофејот и да го вратиме во Франција“. За тоа каква беше мајсторијата на Зинедин Зидан можете да погледнете подолу: Извор: 24FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|