Monday, 05 July 2010 19:49 Фудбал

СП 2010 ФИФА денеска соопшти дека Равшан Ирматов и Виктор Касаи ќе бидат делители на правдата на полу-финалните натпревари од СП 2010

Узбекистанецот Ирматов ќе го суди натпреварот помеѓу Холандија и Уругвај кој ќе се одигра утре во Кејп Таун.

32 годишниот судија го судеше воведниот натпревар помеѓу домаќинот Јужна Африка и Мексико со што стана најмладиот арбитар кој бил делител на правдата на отварањето.

Тој до сега на Светското Првенство судеше на четири натпревари и сеуште нема покажано црвен картон или пак пенал.

Касаи ќе го суди натпреварот помеѓу Германија и Шпанија што ќе се одигра во среда во Дурбан.

34 годишниот Унгарец во досегашните три натпревари нема исклучено фудбалер но покажа на белата точка на дуелот помеѓу САД и Гана кој го добија ’Црните Ѕвезди’ во продолженијата.

ФИФА исто така рече дека десет судии и нивните тимови од двајца асистенти се задржани за до крајот на првенството а помеѓу нив се и Хауард Веб од Англија и Франк де Белекере од Холандија.

Судиите за неделното финалето на Сокер Сити и за дуелот за третото место кој се игра во Порт Елизабет во сабота ќе бидат именувани по крајот на полу-финалните натпревари.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...