Wednesday, 11 July 2018 20:54 Фудбал

Македонија  | Тимот од Дебар Маало обезбеди минимална предност во пресрет на реваншот со унгарскиот прволигаш, но ривалот на македонскиот претставник има гол на гости од првата средба...

Работнички дојде до победа од 2-1 против Хонвед во првото квалификациско коло за пласман во групите од Лига Европа, по првото полувреме од мечот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, резултатот беше израмнет и гласеше 1-1.

Прв до водство дојде македонскиот претставник со голот на Петковски во 34. минута, но Наџи во самиот финиш од првиот дел донесе израмнување за гостите, гол на гостински терен кој не оди во прилог на Романтичарите.

Сепак, во 60. минута Шаркоски погоди за 2-1 и уште во оваа фаза од средбата беше поставен конечниот исход на мечот.

Речиси израмнет беше дуелот за што говори и статистиката, Хонвед имаше посед на топката од 51%, а Работнички нешто повеќе шанси во однос на својот ривал, 12 обиди од кои 4 завршија во рамките на голот, наспроти 8 обиди на Хонвед од кои 3 беа во рамките.

Реваншот во Унгарија се игра идниот вторник, а подобриот од овој двомеч ќе игра против подобриот од Ниедеркорн (Луксембург) и Габала (Азербејџан).

Работнички: Божиновски, Ерера, Најдовски, Митрев, Стевиќ, Бопеску, Стјепановиќ, Пеев, Стевановиќ (Садики 88’), П. Петковски (Чинеду 79’) и Шаркоски (Ф. Петковски 71’).

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...