ТОП ВИДЕО |
Monday, 09 July 2018 19:40
Фудбал
Македонија | Вардаровиот голман вели по остварениот најголем успех во македонскиот фудбал, црвено-црните вртат нова страница годинава, што се однесува до Пјуник, истакна дека се работи за квалитетен противник... Македонскиот вицепрвак Вардар во среда го игра првиот меч против ерменски Пјуник во првото квалификациско коло за пласман во групите од Лига Европа, нешто, што за црвено-црните лани беше историја, но годинава со видно изменет состав амбициите се многу поинакви. Чуварот на мрежата на Вардар, Филип Гачевски вели дека целата екипа е свесна за тоа дека ланскиот успех не игра улога во овој момент, но додаде дека Вардар е подготвен да го даде максимумот за да успее. „Минатата година направивме најголем успех во македонскиот фудбал, а оваа година вртиме нова страница. Речиси цел тим се нови играчи и наша цел е да го минеме Пјуник. Наша најголема цел е на гостувањето во Ерменија да дадеме гол и на реваншот да победиме и да се пласираме во следната фаза“ вели тој. „Сите играчи и тренери и стручен штаб сме свесни дека ланскиот успех не ни игра улога во овој момент. Гледавме видеоанализи од противникот, се работи за добар тим. Сеедно ако минатата година заврши на петтото место во Ерменија. Подготвени сме и ќе го дадеме нашиот максимум да успееме“ додаде вардаровиот голман. Извор: 24FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|