Thursday, 05 July 2018 12:37 Фудбал

Македонија | Во интервју за „Спорт1“, Дарко Панчев вели дека иако е спортски директор во Вардар, клубот носи засилувања и без да се консултира со него...

Вардар прави комплетна реконструкција на тимот, новата сезона ќе ја почне со речиси цел нов тим, најголемиот број од фудбалерите кои беа дел од историскиот успех си заминаа.

Во нормални услови Дарко Панчев како спортски директор во период на тотален ремонт треба да има полни раце работа и да биде консултиран за секој трансфер на Вардар, но во интервју за „Спорт1“ тој вели дека работите не функционираат баш така.

„Овие двајца Бразилци веројатно се потпишани, зашто нив ги донесоа нашите соработници од управата на Вардар. Ние (Панчев, Бабунски и Најдоски – н.з.) што сме донесени за да се грижиме за подобрување на фудбалски квалитетот во клубот, немавме во план за ангажирање на Лира и Бала. Не ги планиравме, ниту мислевме да ги донесеме, но некои луѓе од клубот мислат дека тие се добри фудбалери и ги донеле. Дај боже така да испадне. Размислуваме позитивно во интерес на Вардар и го прифаќаме како дел од функционирањето на клубот. Работиме како група и не секогаш се прифаќаат предлозите на нас тројца, кои сме задолжени за фудбалските подобрувања. Дали е тоа добро или не, е сосема друга работа, за тоа ќе покаже времето“, вели Дарко Панчев за „Спорт1“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...