ТОП ВИДЕО |
Friday, 29 June 2018 19:20
Фудбал
СП 2018 | Иранскиот напаѓач, Сардар Азмун се повлече од репрезентацијата на 23 години, вели дека требал да бира меѓу неговата мајка и селекцијата на Иран, и го одбрал тоа што е логично... Иранците беа дочекани како херои во својата земја иако не ја поминаа групната фаза. Тие завршија пред Мароко и покажаа одлична игра, а храброста и борбеноста која ја покажуваа ги воодушеви жителите на оваа земја. Но, не сите во Иран беа задоволни, некои навивачи тешко ја поднесоа елиминацијата, па распукаа со погрдни зборови кон фудбалерите, посебна мета беше Сардар Азмун. Тој смета дека тоа е причината поради која неговата мајка повторно се разболела, па решил веќе да не игра за репрезентацијата. „Ми беше чест да играм за репрезентацијата, ќе бидам горд на тоа до крајот на животот. За жал, и покрај целиот интерес кој го има и спротивно на она што моето срце го сака, решив да и кажам збогум на репрезентацијата на својата земја. Ова е најтешката одлука за 23-годишник кој дојде до неа со многу потешкотии“, напиша Азмун на својот инстаграм профил. „Мајка ми победи тешка болест и бев многу среќен поради тоа. Но поради злобата на некои луѓе и навредите упатени кон мене и кон соиграчите кои никако не ги заслуживме, нејзината болест се врати и стана сериозна. Тоа ме доведе до тешка позиција во која морав да избирам, или репрезентацијата или мајка ми. Ја одбрав мајка ми“. Извор: 24FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|