Friday, 02 July 2010 15:31 Фудбал

Англија Новиот менаџер на Ливерпул, Рој Хоџсон вели дека еден од приоритетите му е разговор со напаѓачот Фернандо Торес.

Поради финансиската криза во Ливерпул и не играњето на ’Црвените’ во Лига Европа, Фернандо Торес заедно со Стивен Џерард и Хавиер Маскерано со поврзуваат со заминување од Енфилд.

Рох Хоџсон, кој вчера официјално беше потврден како наследник на Рафаел Бенитез, на кормилото на Ливерпул, вчера изјави дека не може да гарантира останување на Торес и Џерард во клубот но призна дека ќе стори се за да ги задржи.

Тој веќе се сретна со Џерард и Карагер и сега сака да се сретне и со ’Ел Нињо’ кој е со селекцијата на Шпанија во Јужна Африка.

“Ќе имам разговор со Фернандо што е можно побрзо.” – рече Хоџсон. “Не е правилно да ги нарушувам неговите подготовки за четврт-финалниот дуел со Парагвај, но сакам да се сретнам со него веднаш по крајот на Светското Првенство.”

“Сакам да разговарам со него во четири очи и се надевам дека можеби тој ќе се врати во Шпанија на ден или два пред да замине на одмор.”

“Тоа би можело да биде било каде, но јас ќе бидам тамум со цел да го импресионирам зошто Енфилд е местото каде што тој ќе треба да игра.”

Се очекува дуото да разговара преку телефон непосредно пред средбата.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...