Saturday, 23 June 2018 17:34 Фудбал

СП 2018 | И втората задача на Светското првенство Белгија ја одработи во голем стил откако со 5-2 го совлада Тунис покрај четирите голови создадоа уште многу шанси за гол кои не успеаја да ги реализираат...

Во првото коло Белгија ја совлада Панама со 3-0, а сега го среди Тунис со 5-2. Белгијците на стартот од Светското првенство се претставуваат во најсјано светло.

Белгија беше јасен фаворит во овој меч, но на теренот беа фантастични. Победата беше најавена од пенал во 6. минута кога Азар биеше прецизно од белата точка по прекршок направен врз него.

Само десет минути подоцна по асистенција од Мертенс, Лукаку паметно шутираше кон голот на Тунис и зголеми на 2-0. Две минути подоцна Брон погоди за Тунижаните намалувајќи на 2-1.

Белгија продолжи да напаѓа, пред самиот крај од првото полувреме Лукаку постигна мајсторски гол за предност од 3-1.

По шест минути игра во второто полувреме Азар зголеми на 4-1 и тука стави крај на сите дилеми околу победникот на овој меч.

Во 68. минута Батушуаи влезе во игра и имаше неколку идеални шанси пред конечно во 90. минута да погоди за 5-1.

До крајот на мечот, во 93. минута Тунис постигна уште еден гол, овој пат преку Казри за конечни 5-2.

Белгија има шест бодови и огромна гол разлика но осминафиналето ќе го завери дури утре ако Англија не загуби од Панама, нешто што е многу веројатно.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...