Thursday, 01 July 2010 18:03 Фудбал

Италија Мино Раиола, кој е агент на Марио Балотели и Златан Ибрахимович, вели дека неговите клиенти ќе останат во Интер односно Барселона.


Подолго време се шпекулира за иднината на Марио Балотели и Златан Ибрахимович и се говори дека тие ќе ги напуштат сегашните клубови.

Извештаите говорат дека ’Супер Марио’ е цел на Арсенал и Манчестер Сити но Мино Раиола очекува напаѓачот да остане на Џузепе Меаца.

“Марио ќе остане во Интер. Немам добиено понуди и никој не ни кажал дека Интер ќе го продава Балотели.” – рече Раиола. “Па затоа тој ќе остане онаму каде што е.”

“Дали Балотели вреди 40 милиони евра? Не верувам дека Морати изјавил нешто такво. За мене Марио вреди многу повеќе од 40 милиони.”

“Кој знае, можеби на крајот од трансфер периодот Мурињо ќе побара од Флорентино Перез да инвестира 70 милиони евра во Марио.”

“До 30 август трансфер пазарот е отворен и се може да се сличи.”

“Манчестер Сити на Манчини? Тимот не се избира поради тренерот, туку според проектот. Доколку Сити сака нешто да направи најпрво треба да достави понуда до Интер.”

Денеска, Пиерсилвиот Берлускони, синот на Силвио Берлускони призна дека би сакал да го види Балотели во дресот на Росоњерите.

“Убаво е што тој кажа добри зборови за Марио, но мислам дека Милан нема пари за да го купи Балотели а и Интер нема да сака да го продаде играчот на Милан.”

Ибрахимович, кој исто така е клиент на Мино Раиола, по преселбата на Давид Виља на Камп Ноу се почесто се поврзува со заминување а како можна дестинација се посочува Милан.

“За мене Ибра вреди 1 милион евра. Нема да замине од Барса бидејќи се чувствува добро, исто како и неговото семејство.”

“Милан? Тие веќе ја пропуштија можноста да го купат и мислам дека не планираат да го купат сега од Барселона, исто како што и златан нема планови да се пресели во Милан.”

“Ибра ќе замине од Барселона само кога тој ќе посака, сека има уште четири години од договорот и не планира трансфер, без разлика што на Камп Ноу пристигна и Виља.”

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...