ТОП ВИДЕО |
Thursday, 17 May 2018 11:40
Фудбал
Шпанија | Антоан Гризман во Лион ја покажа сета своја фудбалска големина, како со двата гола со кои на Атлетико му го донесе трофејот од Лига Европа така и со прекрасниот гест кон Фернандо Торес...
„Колчонероси“ вчера се радуваа на трофејот во Лига Европа откако во финалето со 3-0 го совладаа Марсеј. Најзаслужен за триумфот беше Антоан Гризман, кој постигна два гола. Французинот сепак не е во центарот на вниманието само поради одличните перформанси, медиумите од Шпанија пишуваат за еден негов голем гест кон финишот од мечот. По треиот гол на Атлетико со кој се беше јасно, Антоан Гризман се доближил до клупата и му кажал на Моно Бургос да го извади од игра. Напаѓачот не го сторил ова поради тоа што бил изморен или повреден, или пак да добие аплауз на отворена сцена. Популарниот „Гризи“ сакал Фернандо Торес да добие неколку минути и да учествува во големиот спектакл, па инсистирал да биде заменет токму со „Ел Нињо“. Помошникот на Диего Симеоне веднаш одговорил на барањето и Фернандо Торес доби неколку минути во Лион. За Шпанецот, кој заминува по кајот на сезоната, ова беше првиот трофеј во дресот на Атлетико. По крајот на мечот рече: „Детски сон ми беше да станам шампион со Атлетико и сега ми се оствари. За мене ова е фантастичен крај. Секогаш ќе му бидам благодаран на овој тим”. Извор: 24FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|