Tuesday, 15 May 2018 17:48 Фудбал

СП 2018 | Првата ѕвезда на Кариоките би требало да биде подготвен за првата контролка во пресрет на Мундијалот...



Големите фудбалски фанови веќе почнаа да ги одбројуваат деновите до стартот на Светското првенство во Русија идниот месец, а еден од главните фаворити за светската титула секако е Бразил, чиј состав на фудбалери веќе го објави Тите.

Првата ѕвезда на Кариоките, Нејмар, би можел да се врати на терените уште на 3 јуни, и тоа во пријателскиот меч против Хрватска, кој ќе се одигра на Енфилд во Ливерпул.

„Наредната седмица тој ќе може да почне да тренира со тимот, бележиме голем напредок во неговата рехабилитација. Ние се надеваме дека тој идната недела ќе почне да тренира со топката а воедно и да влезе во финалната фаза на подготовки за да му се стави на располагање на селекторот Тите, за да може да биде во комбинација за првиот контролен меч“ рече членот на медицинскиот тим на Бразил, Родриго Ласмар.

По контролката со Хрватска, следи и уште една, со Австрија, седум дена потоа, за веќе на 17 јуни Бразил да го одигра и првиот меч од групната фаза на Мундијалот во Русија против Швајцарија, а освен таа селекција, за противници во групата „Е“ ги има уште и Костарика, како и Србија.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...