Monday, 28 June 2010 09:00 Фудбал

СП 2010 Аргентина го победи Мексико со 3-1 и се пласираше во 1/4 финалето каде што ќе се сретне со Германија, судиите и на овој натпревар беа во главна улога.

Аргентина продолжува понатаму откако со 3-1 ја совлада селекцијата на Мексико.

Четата на Диего Армандо Марадона го продолжува својот пат во Јужна Африка, Мексико е елиминиран.

Мексиканците можат со право да бидат бесни на судиите кои и на овој натпревар се истакнаа и директно кумуваа на резултатот.

Мексико одлично го започна натпреварот, во 9та минута Салсидо ја погоди пречката од голот на Ромеро.

Некоја минута подоцна Торадо испрати одличен удар, но за малку крај голот.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 25та минута, Карлос Тевез постигна гол со глава, беше во длабок офсајд, судиите не го забележаа тоа, голот беше признаен, Аргентина поведе со 1-0.

Потоа се беше полесно за Аргентина, тимот на Марадона ја превзема иницијативата и доминираше на теренот.

Во 32та минута, Игуаин постигна гол за веќе сигурно водство на Аргентинците од 2-0.

И вториот дел започна со доминација на Аргентина, во 51та минута фантастичен погодок на Карлос Тевез од далечина, еден од најубавите голови на Светското првенство.

До крајот на натпреварот Мексико успеа само да го намали резултатот преку одличниот Хавиер Хернандез во 71та минута.

Аргентина го продолжува патот кон финалето, но следната пречка ќе биде фантастичната селекција на Германија.

Мексико може гордо да замине од Јужна Африка откако покажа одличен фудбал во натпреварите кои ги одигра.

Катастрофален ден за судиите, две кардинални грешки на двата натпревари, ФИФА и УЕФА треба сериозна да ја разгледаат можноста за воведување на технологија

Аргентина: Ромеро, Отаменди, Демикелис, Бурдисо, Хаинце, Родригез (Пасторе), Маскерано, Ди Мариа (Гутиерез), Тевез (Тевез), Меси, Игуаин

Мексико: Перез, Осорио, Родригез, Маркез, Салсидо, Гуардадо (Франко), Торадо, Хуарез, Дос Сантос, Баутиста (Барера), Хернандез

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...