Monday, 28 June 2010 08:44 Фудбал

СП 2010 Гордиот Албион на колена, убедлива победа на Германија од 4-1, Панцирите продолжуваат во 1/4 финале, Англија заминува дома.

Нова убедлива игра на Германија и убедлива победа, овој пат над големиот ривал, селекцијата на Англија.

Англичаните со огромни очекувања допатуваа на Светското првенство, но со наведната глава, посрамотени ја напуштаат Јужна Африка.

Покрај одличната игра на Германија и катастрофалната одбрана на Англија, на натпреварот се истакна и судиската тројка, која не призна чист гол на Англија.

Германија тргна офанзивно уште од самиот почеток, по само 20 минути игра Мирослав Клосе го совлада Дејвид Џејмс. Долга топка на Нојер директно до Клосе, одбраната киксираше, Панцирите се радуваа на водството од 1-0.

Англија тргна нешто поофанзивно, но по само 12 минути подоцна нов гол за Германија, Лукаш Подолски ја смести топката во мрежата на Џејмс по нов катастрофален кикс на одбраната на Англичаните.

По вториот примен гол Англија уште повеќе ја зголеми офанзивата, во 37та минута Метју Апсон со глава постигнува гол и го враќа Гордиот Албион во игра.

Веќе во следниот напад Англија постигнува нов гол, Лампард шутира, топката од пречката завршува пола метар зад гол линијата, но судиите не го забележаа тоа, натпреварот продолжи, голот не е признаен.

Во вториот дел Англија фрли се на една карта, во 49та минута Стивен Џерард прв се закани, биеше за малку крај голот.

Англија напаѓаше, но Германија беше исклучително опасна од контра нападите, Милер имаше две шанси кој не ги реализираше.

Во 67та минута, Лампард изведе слободен удар, топката се одби од живиот ѕид, брза контра на Германија и гол на Милер, 3-1.

Само три минути подоцна нов гол за Германија и нов кикс на одбраната на Англија, по асистенција од Озил, Милер постигнува нов погодок за конечни 4-1.

Според прикажаната игра заслужена победа на Германија, Англија со право може да биде бесна на судијата, непризнатиот гол можеби ќе ги променеше работите.

Германија: Нојер, Лам, Мертесакер, Фридрих, Боатенг, Кедира, Швајнштајгер, Подолски, Озил (Кислинг), Милер (Троховски), Клосе (Гомез)

Англија: Џејмс, Е.Кол, Тери, Апсон, Џонсон (Рајт Филипс), Милнер (Џ. Кол), Лампард, Бери, Џерард, Руни, Дефо (Хески)

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...