Friday, 25 June 2010 19:51 Фудбал

СП 2010 Бразил и Португалија одиграа без голови, двете селекции изборија пласман во 1/8 финалето, Брегот на Слоновата Коска кој имаше теоретски шанси е елиминиран.


Без голови заврши дерби натпреварот помеѓу Бразил и Португалија.

Со победа Португалците ќе го симнеа Бразил од челната позиција, на Кариоките им беше доволно и нерешено за да се задржат на врвот.

Португалија бод ја водеше сигурно во 1/8 финалето, во спротивно можеа да ја загубат втората позиција, но за тоа беше потребно да се случи чудо на натпреварот помеѓу БСК и Северна Кореја па авриканскиот тим да анулира негатива од 9 гола разлика.

Натпреварот не изобилуваше со многу шанси, најдобрата во првото полувреме ја имаше Нилмар во 30та минута, шутираше, голманот одбрани топката заврши во стативата но не влезе во мрежата.

До крајот на првиот дел, Фабиано се закани со глава, брзо возврати и Роналдо но неговиот удар заврши крај голот.

Во 60та минута Меиралеш пропушти одлична можност, Луисио му ја одзема топката на Роналдо, но асистираше до Мералеш кој не реализираше од поволна ситуација.

По последниот свиреж на судијата и двете селекции беа задоволни поради пласманот во следната фаза.

На селекцијата на Брегот на Слоновата Коска и беше потребно чудо за пласман во 1/8 финалето, тоа не се случи.

Победија против Северна Кореја со 3-0, но со овој триумф се простија од Светското првенство.

Резултатот го отвори Јаја туре во 14та минута со одмерен удар донесе водство на Слоновите од 1-0.

Само шест минути подоцна Дрогба биеше во пречката, топката дојде до главата на Ромарик кој постигна гол за 2-0.

На третиот гол се чекаше до 82та минута кога Саломон Калу ги постави конечните 3-0.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...