ВИЦ
Влегува човек во кафана и го прашува келнерот: ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 24 April 2018 12:09
Фудбал
Италија | Разочаран од поразот против Наполи, по натпреварот Буфон гневот го истурил врз своите соиграчи во соблекувалната, а двајца фудбалери биле посебна мета на голманот...
Јувентус со 1-0 загуби на свој терен од Наполи и сега ризикува да се симне од шампионскиот трон во Серија А. Буфон можеби ја игра последната сезона во кариерата а таа може да заврши катастрофално за него. Најпрво не успеа да се пласира на Светското првенство со Италија, а потоа беше елиминиран во Лигата на шампионите со пенал досуден во 93. минута. Останува уште да го загуби и Скудетото и да биде поразен од Милан во финалето од италијанскиот Куп. За тоа да не се случи Јувентус треба да се крене на највисокото ниво и тоа почнувајќи од саботната дерби пресметка со Интер. А до крајот на првенството Бјанконерите им гостуваат и на Рома. Италијанските медиуми откриваат дека Буфон бил бесен на своите соиграчи по поразот од Наполи и тоа гласно им го соопштил во соблекувалната. Најголем дел од зборовите биле упатени кон Бенатија кој не успеа да го задржи Кулибали за погодокот на Наполи. Но Мароканецот не ги сфатил добронамерно критиките од неговиот капитен, па наместо да молчи му возвратил на Буфон по то настанала тензија. Мета бил и Пауло Дибала кој според Буфон е далеку од потребното ниво во моменти кога се одлучува сезоната. Како ќе влијае револтот на Буфон врз соиграчите останува да видиме во сабота кога тие го играат еден од клучните натпревари во сезоната. Извор: 24FUDBAL.com.mk |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|