Monday, 02 April 2018 17:52 Фудбал

Англија | За дуелот со Свонси, „Специјалниот“ имаше екстра помош на клупата, покрај Мајкл Карик дел од тренерскиот персонал беше и неговиот син Жозе Марио...



18 годишниот Жозе Марио или попознат како Зука доби шанса од прва рака да искуси како изгледа да се биде дел од најтрофејниот клуб на Англија.

За дуелот со Свонси, синот на Жозе Мурињо со Мајкл Карик беше дел од тренерскиот персонал на „Црвените ѓаволи“ и седеше на клупата заедно со останатите помошници на „Специјалниот“.

Тинејџерот доби и опрема со неговите иницијали, на тренерките и јакната од Адидас пишуваше „ЗМ“.

Останува да се види каква ќе биде инволвираноста на Мурињо џуниор во иднина, за кого самиот Жозе пред неколку години рече дека гледа голем потенцијал.

„Еден ден, по серија слаби резултати, ми дојде во канцеларија со одредена анализа” – рече Португалецот минатата година во ТВ документарец.

„Очигледно го мачеше нешто поради слабите резултати на татко му, мислам дека сврзавме пораз од Ватфорд и Манчестер Сити. Ми покажа статистика за тимот. Јас потоа тоа им го пренесов на моите помошници и им кажав да внимаваат бидејќи еден ден малиот ќе им ја земе работата”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...