Wednesday, 28 March 2018 21:32 Фудбал

Италија | Клаудио Лотито и Лацио биле жртва на компјутерска измама, хакери ги украле последните 2 милиони евра кои „Бјанкочелестите“ ги должеле за трансферот на Стефан Де Врај...



Холанѓанецот се пресели на Олимпико од редовите на Феенорд во 2014 за околу 8,5 милиони евра, но дури сега медиумите од Италија откриваат дека Лацио бил оштетен за околу 2 милиони евра.

Ил Темпо пренесе дека Кладио Лотито и „Бјанкочелестите“ наседнале на компјутерска измама, хакери ги украле последните 2 милиони евра кои клубот од Рим му ги должел на Феенорд.

Во периодот кога требала да се изврши финалната трансакција од зделката, Лацио добил мејл со инструкции како да се изврши исплатата од 2 милиони евра. Во мејлот биле наведени сите официјални податоци на Феенорд, било и логото на клубот од Ротердам, како и банката во која биле префрлени претходните суми. Различен бил само ИБАН бројот.

Клаудио Лотито набрзо сфатил дека е насамарен, па започнала истрага и утврдено е во која банка од Холандија пристигнале парите. Во прв момент се чинело дека некој вработен од Феенорд ги украл парите, но потоа е востановено дека „Бјанкочелестите“ биле жртва на хакери.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...