Saturday, 24 March 2018 21:54 Фудбал

Македонија | Надежите на Македонија до 17 години беа ограбени на дуелот со Полска откако судијата виде нешто што никој друг не виде и наместо гол или пенал му покажа жолт на Новевски...



Избраниците на Горан Станиќ по втор пат се поразени со 3-0 во елитните квалификации за ЕВРО 2018. По Р. Ирска во првото коло, вечерва и домаќинот Полска славеше во дуелот со Македонија, со што „Црвено-жолтите“ ги загубија шансите за пласман на континенталниот собир.

Но резултатот можеше да биде многу поразличен доколку не беше една смешна одлука на судијата Кристоф Пирес во 22. минута при резултат 0-0.

Елези падна во шеснаесетникот откако беше нагазнат од противникот, а на одбиената топка налета Новевски кој мајсторски биеше од врвот на шеснаесетникот за водство на Македонија. Но судијата не само што не го призна голот, реши да не покаже ниту на белата точка и наместо тоа досуди симулација.


И самите коментатори на Полсат беа изненадени од одлуката. „Ова е чист прекршок“  - рече едниот коментатор, а неговиот колега се надворза и додаде: „Доколку не беше досуден пенал, голот мораше да важи“.

По овој подарок од судијата, домаќините ги консолидираа редовите, поведоа преку Жук во 30. минута, а победата ја потврдија во вториот дел со головите на Бида и Ричерт.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...