Останато | 26. коло од првенството на Турција го носи големото дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај, лутите ривали ќе се сретнат по 387. пат...
Најдобриот Азиски брокер за обложување и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Фенербахче – Галатасарај: Победа или реми за домаќинот
Време е за големото дерби помеѓу вечните ривали, Фенербахче на Улкер Арена ја пречекува Галатасарај во клучен натпревар. Гостите се први на табелата со 53 бодови додека пак Фенербахче е на четвртата позиција со 47 бодови. Доколку домаќините загубат, разликата ќе биде девет бода, нешто што „Канаринците“ не можат да си го дозволат со осум кола до крајот. Од друга страна, Галатасарај ќе сака да го исфрли ривалот од трката за титулата и да сруши една лоша традиција која вели дека немаат победа на гости 19 години. Популарните „Лавови“ за последен пат победија на стадионот на Фенер во декември 1999. Ова ќе биде 387 пресметка, до сега „Канаринците“ имаат 146 победи додека пак „Лавовите“ триумфирале на 123 дуели. Нашиот Елиф Еламс два натпревари по ред е изоставен од тимот на Фенербахче, според медиумите Кочаман нема да прави промени па Македонецот веројатно оваа голема пресметка ќе ја проследи од трибините.
Ливерпул - Ватфорд: 1-1
По поразот од Манчестер јунајтед на Олд Трафорд, Ливерпул има прилика да им се врати на победите, на Енфилд гостува Ватфорд. Од конкурентите за топ 4 пласман на табелата само „Црвените“ играат овој викенд и тоа ќе биде убава можност избраниците на Клоп со триумф и три бода да извршат притисок врз ривалите. Гостинскиот тренер има доста главоболки за овој меч, не може да смета на десетина играчи, а за разлика од него, Клоп го има речиси целиот состав на располагање. Формата и традицијата е на страна на домаќините. Ливерпул оваа сезона нема пораз на Енфилд, а на домашните дуели со Ватфорд има дури девет победи на десет натпревари. Ватфорд за последен пат како гостин против Ливерпул славел во 1999. Тешко дека Ватфорд ќе ја сруши оваа лоша традиција денеска, избраниците на Гарсија се прилично очајни како домаќини во 2018. Популарните „Хорнетс“ за последен пат како гостин победија на крајот од ноември, а на последните пет гостувања не можат ниту да постигнат гол. Сите очекуваат трите бода да останат во Мерсисајд, а прашањето околу победникот Ливерпул треба да го реши уште во првиот дел.
BET-IBC ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги преку Skype обложување.
Валенсија - Алавас: Повеќе од 2,5 погодока
Со триумфот на гостувањето кај Севиља во минатото коло, „Лос Че“ креираше 11 бода разлика и практично си обезбеди топ 4 пласман и настап во Лигата на шампионите. Избраниците на Марсељино сега ќе се обидат да имаат што подобар финиш на сезоната. Алавес во моментов е на безбедна ситуација, но гостите не можат многу да се опуштат и ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат на Местаља, иако тоа ќе биде тешко остварливо. Валенсија е голем фаворит, на последните три меча пред своите фанови забележа исто толку победи а на нивна страна е и традицијата во меѓусебните пресметки. Исто така, во последно време на дуелите помеѓу Валенсија и Алвес секогаш има голови. На последните шест меча биле постигнати три или повеќе погодоци. Исто така на последните пет дуели двата тима успевале да ја тресат мрежата па се очекува уште една ваква средба.
Манчестер јунајтед - Брајтон: Победа на домаќинот
„Ѓаволите“ во средата доживеаја изненадување, Севиља славше на Олд Трафорд и го елиминираше Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите. Па на Мурињо и неговите избраници сега им остана само ФА Купот како шанса за трофеј. Манчестер јунајтед го пречекува Брајтон во четвртфиналето и ќе се обиде да обезбеди настап на Вембли. За „Галебите“ опстанок во Премиерлигата е примарна цел но Хатон признава дека тие се возбудени од шансата да се пласираат помеѓу четирите најдобри во најелитното куп натпреварување на Англија. Манчестер јунајтед има лоша традиција кога се во прашања натпреварите од четвртфиналето во ФА Купот, доживеја елиминација на три од последните четири вакви пресметки. Исто така немаа добиено четвртфинале без да се игра реванш уште од сезоната 2010/11. Но „Ѓаволите“ сега немаат право на кикс а на помош за рушење на лошата традиција ќе го имаат Лукаку, кој има постигнато 11 гола во последните 10 настапи во ФА Купот.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Најдобриот букмејкер агент ви го дава решението.
Исто така, доколку сакате да го допрете врвот можете да се обложувате во обложувалници без лимит и со високи влогови преку VIP платформа за обложување.
Извор: 24FUDBAL.com.mk