Friday, 16 March 2018 18:11 Фудбал

Англија | Жозе Мурињо имаше неверојатен испад на денешната прес конференција, Португалецот на критиките одговори со монолог од 12 минути со кој го правдаше неговиот учинок на Олд Трафорд...



„Специјалниот“ изминативе денови беше силно критикуван откако „Црвените Ѓаволи“ беа елиминирани од Севиља во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Жозе Мурињо сега одговори на овие напади, Португалецот на денешната прес конференција имаше монолог од 12 минути.

„Има фудбалско наследство” – вели „Специјалниот“. „Еве јас што наследив. Последен пат кога Манчестер јунајтед ја освои Лигата на шампионтие беше во 2008”.

„Последен пат финале играше во 2011, а потоа во 2012 испадна во групната фаза. Во 2013 беше елиминиран на Олд Трафорд во осминафинале, јас бев на противничката клупа (како тренер на Реал Мадрид)”.

„Во 2014, испадна во четвртфиналето. Во 2015, немаше настап во Европа. Во 2016, се врати во Европа но испадна уште во групната фаза од Лигата на шампионите. Потоа играше во Лига Европа, но и таму доживеа елиминација“.

„Во 2017, играше во Лига Европа, победи со мене на кормилото и се врати во Лигата на шампионите. Во 2018, беше прв во групата со 15 бодови од можни 18, и загуби дома во осминафиналето”.

„Па во седум години со четири различни менаџери, еднаш не играше воопшто во Европа, два пати испадна во групната фаза и најдобар учинок е четвртфинале. Ова е фудбалското наследство”.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...