Thursday, 15 February 2018 19:05 Фудбал

Македонија | Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, легендарниот Марко ван Бастен кој сега е директор за техички развој во ФИФА, претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот на Владата на РМ, очо Анѓушев го отворија новиот објект на ФФМ, сместувачкиот капацитет за Академијата на ФФМ и младите репрезентации на Македонија...



ФФМ денеска свечено го пушти во употреба сместувачкиот капацитет на Академијата и младите фудбалски репрезентации со што го комплетираше проектот за комплексот „Петар Милошевски“. На свечената церемонија имаше повеќе гости, а најголеми беа претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и поранешниот легендарен холандски фудбалер Марко Ван Бастен.

„ФФМ заедно со УЕФА прави голем придонес за развојот на фудбалот во Македонија. Куќата на фудбалот и националниот тренинг камп е централната основа за иден развој на фудбалот во оваа земја. Фудбалската федерација на Македонија прави голем напор за подобрување на инфраструктурата за фудбалот во целата земја, а проектите ќе бидат поддржани од програматана УЕФА хет-трик. Резултатите од инвестирањето во младите се видливи, Македонија до 21 година играше на Европското првенство во Полска, а селекциите до 19 и 17 години обезбедија место во елитните квалификации. Сега со Лигата на нации и сениорската репрезентација на Македонија има голема шанса за пласман на Европското првенство. На Илчо му реков дека веќе нема оправдување, со овој систем нема веќе алиби“, изјави претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски им се заблагодари на УЕФА и ФИФА за помошта која ја добиваат и вети дека ќе продолжат со проекти за развој на фудбалот во Македонија.

„Ако ве дефинираат по делата а не по зборовите тоа значи дека сте успеале. Пред три години кога го почнавме проектот за подобрување на условите за Академијата на ФФМ сакавме да го постигнеме токму ова. Благодарност за ФИФА и УЕФА за помошта, ние ветуваме дека со заеднички сили ќе продолжиме да го развиваме фудбалот во Македонија“, изјави Илчо Ѓорѓиоски.

И Марко ван Бастен кој дојде во улога на директор за технички развој во ФИФА, го поздрави новиот објект на ФФМ.

„Ова е прекрасен објект кој сигурен сум дека ќе донесе многу подобри услови за развој на фудбалот во Македонија, вложувањето во најмладите е за поздравување“, изјави Ван Бастен.

Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев верува дека инвестирањето во инфраструктурата ќе донесе подобри резултати за фудбалот во нашата земја.

„Фудбалот во Маедонија сега има нов капитален објект кој верувам дека во иднина ќе донесе резултати. Мора сите заедно да работиме за развивање на фудбалот во Македонија, треба да се донесат значајно одлуки и да се инвестира во инфраструктурата за да се подобрат работите“, вели Анѓушев.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...