Wednesday, 14 February 2018 16:25 Фудбал

Англија | Рајан Мејсон вчера соопшти дека е принуден да замине во пензија на само 26 години, Петр Чех беше еден од првите кои се огласија на социјалните мрежи, голманот најдобро знае што се искуси младиот Англичанец...



Во јануари минатата година, Рајан Мејсон заработи хорор повреда по еден воздушен дуел со Гери Кејхил. Фудбалерот заработи фрактура на черепот, па беше приморан вчера да се збогува од фудбалот на само 26 години.

Еден од првите играчи кои се огласија на социјалните мрежи беше Петр Чех.

„Вчера беше мноту тажен ден за еден фантастичен млад дечко. Иако неговата приказна немаше среќен крај, неговата одлучност, однесување и храброста која ја покажа при рехабилитацијата е нешто на кое треба да се восхитуваме и да служи како инспирација за другите! Се најдобро Рајан” – гласеше твитот на голманот на Арсенал.

Велат дека на мака се познаваат јуниците и токму таква е приказната поврзана со Рајан Мејсон и Петр Чех, кои станаа добри пријатели по пехот кој го доживеа младиот Англичанец.

Самиот Петр Чех има искусено ваква тешка повреда, па веднаш стапил во контакт со семејството на Рајан Мејсон и им бил морална поддршка низ целиот процес.

„Немам доволно зборови за да ја опишам големината на Петр Чех. Тој ги постави стандардите за тоа што значи вистински човек, чентлмен” – изјави Мејсон во интервју во октомври.

„Веднаш по инцидентот тој стапил во контакт со моето семејство и мојата вереница, ги осигурал и утешил дека она низ што минуваме е сосема нормално и очекувано мислејќи на тоа дека јас не можев да зборувам, дека ми пречеше светлината и некој слични работи. Откако собрав сила, стапив во контакт со него бидејќи кажал „штом се чувствува подготвен, би сакал да поминам и да разговараме“. Осум или девет недели подоцна ме посети. Бев малку загрижен бидејќи со никого немав разговарано повеќе од десет минути. Дојде кај мене дома, седна на креветот и ми рече „опушти се, не зборувај и само слушај“. Ми раскажуваше работи час иполовина!”.

„Јас не кажав ништо, тој само зборуваше и тоа беше брилијантно. Кога си замина, мојата вереница ми рече „леле, а ние бевме загрижени за толку многу работи...“ Едноставно не утеши дека сè што ни се случуваше е дел од процесот за рехабилитација”.

„Од тогаш па наваму постојано сме во контакт. Го посети мојот дом уште во неколку наврати и редовно се слушнаме на телефон. Чех е фантастичен!”

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...