Monday, 12 February 2018 17:43 Фудбал

Англија | Поранешнит прв човек на академијата на „Топчиите“, Лиам Брејди вели дека Арсенал го одбил Хари Кејн бидејќи напаѓачот бил буцко, но признава дека одлуката била погрешна...



Хари Кејн како осум годишно момче се приклучил на академијата на Арсенал, но заминал по само една година.

Тој потоа си ја пробал среќата во Тотенхем, и сега е прва ѕвезда на „Спарси“. Откако минатата недела стигна до голот број 100 во Премиерлигата, Хари Кејн истакна дека тоа што Арсенал го одбил е „најдоброто нешто што можеше да ми се случи“.

Изминатиов викенд Хари Кејн одново беше кобен за „Топчиите“ откако го постигна единствениот гол на дербито на Северен Лондон на Вемблии.

Лиам Брејди сега ја открива причината поради која Арсенал се откажал од Хари Кејн, поранешниот прв човек на академијата вели дека напаѓачот бил буцко.

„Тој беше буцко, не беше атлетски граден“ - вели Брејди. „Но да, направивме грешка“.

„Сепак, и Тотенхем немаше голема верба во него, три-четири пати го испрати на позајмица во нисколигашки клубови“.

„Но неговата одлучност му помогна да изгради извонредна кариера и целосно го заслужи ова. Има карактер кој го тера постојано да се подобрува“.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...