Friday, 02 February 2018 17:05 Фудбал

Македонија | Шефот на стручниот штаб на гигантот од Истанбул очигледно е задоволен од изданијата на нашиот млад фудбалер...



Големата надеж на македонскиот фудбал и член на Фенербахче, 18 годишниот Елиф Елмас тргна со настапите за сениорскиот состав за тимот од Истанбул, а неговиот тренер Ајкут Кочаман засега му дава голема шанса за докажување.

Дел од тамошните медиуми пренесуваат дека искусниот стратег имал порака до Елмас по неговите перформанси.

„Имаше успешни перформанси против Трабзонспор, ти честитам на тоа, се надевам дека ќе продолжиш во таа насока и постојано ќе бидеш подготвен за големите предизвици кои се пред тебе“ му порачал Кочаман на Елмас, а за ова пренесе турски „Sporx“.

Од друга страна пак, турската верзија на „BeIN Sports“ денес напиша дека Елмас е повторно во комбинација за настап од првата минута против Генчербирлиги, за мечот кој се игра утре Кочаман се соочува со проблеми во составот каде има неколку повредени фудбалери, а опцијата „Б“ е да игра со поискусниот во составот, Алпер Потук.

Елмас дебитираше во дербито на турската Суперлига против Трабзонспор, каде имаше одлично издание, а во купот против Гиресунспор играше во првото полувреме каде асистираше во првиот гол за црно-жолтите.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...