Friday, 11 June 2010 12:55 Фудбал

СП 2010 И покрај тоа што Триколорите играат во слаба форма, Патрис Евра вели дека селекцијата на Франција цели кон настап во финалето од мондијалот во Јужна Африка

Француската селекција многу потешко од планираното обезбеди учество на завршницата од Светсткото Првенство благодарејќи на фамозното играње со рака на Тиери Анри во реваншот од бараж дуелот со Република Ирска.

Триколорите продолжија со слабата форма и на подготвителните натпревари што ги одиграа како загревање за мондијалот во Јужна Африка.

Тие едвај славеа во дуелот со Коста Рика за потоа да ремизираат со Тунис и да загубат од Кина.

Во пресрет на нивниот прв натпревар во Јужна Африка, вечерашниот дуел со Уругвај, Патрис Евра вели дека Франција цели кон настап во финалето и триумф на СП 2010.

“Сите дојдовме овде за да настапиме во финалето.“ - рече левиот бек на прес-конференцијата.

“Овој состав навистина сака да прикаже нешто одлично. Но нашите желби треба да бидат пренесени на теренот.“

“Ништо не се промени по поразот од Кина.“ - продолжи Евра. “Најважен е вечерашниот дуел, за тоа се подготвувавме.“

“Уругвај е силна репрезентација. Тие имаат многу солидна одбрана и ние треба да одиграме на високо ниво за да се справиме со нив.“

Уругвај и Франција одиграа пријателски натпревар пред 18 месеци и дуелот на Стад Франс заврши со најнепопулраниот резултат од 0-0.

Powered by: 24 FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...