Sunday, 07 January 2018 18:33 Фудбал

Италија | Клубот од Сардинија тешко го прифати поразот од Јувентус, во Каљари се бесни на судијата Калварезе, кој не го санкционираше играњето со рака на Бернардески, ниту пак сакаше да го прегледа со ВАР...



„Старата Дама“ синоќа забележа тешко издвојувана победа на Сицилија благодарејќи на голот на Бернардески, кој падна во контроверзни услови бидејќи еден играч на домаќините лежеше на тревата откако доби лакт во лице од Меди Бантија а гостите одбија да ја исфрлат топката во аут.

Неколку минути подоцна се случи нов спорен момент, Бернардески играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Судијата Калварезе категорично одмавна, а не сакаше ниту да го прегледа целиот инцидент со ВАР, и имаше само кратка дискусија со арбитрите кои се задолжени за повторените снимки.

„Ова што го видов вечерва е неприфатливо, бидејќи ова е лажно првенство” – вели претседателот на Каљари, Томазо Џулини.

„Една работа е да се креира конкуретно првенство, но друга работа е првенство во кое големите тимови мора да победат. Ако големите секогаш треба да победуваат, ника ни кажат!”

„Не можам да поверувам дека Калварезе не сакаше на ВАР да прегледа ваков момент, тоа е неверојатно, тоа е апсурдно”.

„Бевме оштетени и против Рома, останавме со празни раце во натпревари на кој заслуживме бодови. Не можам да прифатам пораз на ваков начин”.

„А да не заборавиме и дека при голот на Бернардески имаше фаул од Бенатија и Јувентус ја затресе мрежата кога Паволети лежеше на тревата....”

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...