Saturday, 06 January 2018 15:43 Фудбал

Македонија | Одлични вести од тренинг кампот на Фенербахче, турските медиуми пренесуваат дека нашиот Елмас импресионира уште на првиот тренинг...



Големата надеж на македонскиот фудбал, 18 годишниот Елиф Елмас почна и официјално со сениорскиот состав на гигантот Фенербахче, тој е со првиот состав на тимот од Истанбул на подготовките во Белек, а од тоа што го пишуваат тамошните медиуми, очигледно дека нашиот фудбалер на големо се докажува за да обезбеди место во тимот за вториот дел од сезоната во Суперлигата.

„Елиф Елмас беше фудбалерот кој го одбележа првиот ден на тренинг кампот во Белек, Ајкут Кочаман го постави македонскиот фудбалер како десно крило. Младиот фудбалер имаше блескаво издание и фантастични перформанси, неговите соиграчи му посакаа добредојде на тренинг сесиите по подолг период“ пишува турски „Фанатик“ за тренинг-мечот кој го одиграле фудбалерите на Фенербахче, во кој во најдобро светло се истакнал токму нашиот интернационалец.

За Елмас се пишуваа разни шпекулации изминатиов период низ турските медиуми, една од нив беше онаа дека ќе биде испратен на позајмица за остатокот од сезоната, Генчербирлиги се споменуваше како идеална опција, но ништо чудно да тој го убеди Кочаман дека заслужува да биде со гигантот во вториот дел од сезоната во Турција, каде Фенербахче му претстои голема битка за титулата.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...