Friday, 17 November 2017 14:27 Фудбал

Македонија | Интересно интервју на „Јутарњи“ со Максвел Акости, напаѓачот на Ријека кој во два наврати се „размина“ со нашиот Ристовски во клубовите каде настапувал...



На бранителот на хрватската титула Ријека, му тргна со позајмување на фудбалери од италијанските клубови, доста успешна се покажа инвестицијата во нашиот Стефан Ристовски од Латина, а сега има нова „златна кокошка“ во тимот со одлична вредност на трансфер пазарот, напаѓачот од Гана, Максвел Акости.

Во интервју за „Јутарњи“ тој ја пренесува својата приказна од животот за тоа како станал фудбалер, неговите родители сакале да се посвети на школувањето, играл бос низ улиците во својата земја бидејќи не можел да си дозволи да купи патики.

Ќе го памети моментот кога автомобил со затемнети стакла пришол до него, излегле агенти и го прашале дали сака да го однесат на проба во Италија, тука започнува успехот за него, а вели дека бил преплашен во разговорот со нив, бидејќи во Африка разговор со непознати не е баш добредојден.

Она што е за македонската јавност интересно од ова интервју, е прашањето на хрватскиот медиум во однос на Стефан Ристовски.

„Една од вашите станици беше и Латина, од каде во Ријека дојде и Стефан Ристовски?“ прашува хрватскиот медиум.

„И во Латина, и во Ријека се “промашивме“ за неколку месеци и жал ми е што не се запознавме. Но сум играл против него додека бев во Модена, зезнат тип, ха-ха...“ вели Акости кој шест години беше дел од Фиорентина, но не доби адекватна прилика за докажување.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...