ВИЦ

Зар не помисли на последиците пред да тргнеш да крадеш чевли? -го
прашал судијата малолетниот крадец.
- Не го разбирам прашањето!
Како не разбираш? -Зар не мислеше на твојата иднина..?
- Аааа..тоа!!!Без грижа, господине судијо, во тоа брзање грабнав три броја поголеми!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Saturday, 11 November 2017 16:05 Фудбал

СП 2018 | Контроверзиите во фудбалот обично не се поврзани со дресовите, но овој пат се случи и тоа. Униформите за настап на Светското првенство во Русија ги налутија Шпанците...



Пред неколку дена Шпанија го промовираше дресот со кој ќе игра на Светското првенство. Адидас се реши да направи ретро-дизајн сличен на оној со кој играа на мундијалот во САД 1994 година.

Но дизајнот на дресот предизвика бура од негативни реакции. За што точно се работи?

Критиките се за боите на дресот што се повеќе слични на знамето на Втората Шпанска Република отколку на сегашното шпанско знаме. Втората Шпанска Република почнала од 1931, кога кралот бил соборен, и траела до 1939 година.

Знамето може да потсети на болни спомени на оние фамилии чии членови настрадале за време на граѓанската војна, која се одвивала во периодот од 1936 до 1939 година. Конфликтот завршил со победа на националистите по кој Франциско Франко станал диктатор на Шпанија и бил на чело на државата до неговата смрт во 1975 година.

Шпанската фудбалска федерација и дизајнерот Адидас негираат дека дресот има политичка конотација, но многумина не мислат така.

Знамето на Втората шпанска република покрај црвената и жолтата, има и виолетова боја и се уште се користи од анти монархистите за време на протести.

Новиот дрес на Шпанија има боја што потсетува на виолетовата на контроверзното знаме.

Хавиер Андрес Ролдан, дипломиран правник од Кантабрија, изјави: „Дресот е навреда. Се надевам дека Фудбалската федерација ќе реагира и нема да дозволи да играме во овие бои“.

Хуанка напиша: „Репрезентацијата ќе ја нема мојата поддршка, се надевам дека ќе бидеме елиминирани уште во првата рунда“.

Други пак дадоа поддршка на дресовите.

Пабло Иглезијас, лидер на левоорентираната партија Подемос и републиканец, твитна: „По подолго време шпанскиот национален тим има така убав дрес. Сите заедно за црвените“.

Тој потоа додаде: „Во 2017 година, параноичната и корумпирана десничарка влада ќе престане да ги забранува боите кои не им се допаѓаат. Портокаловата боја не само што е убава, туку претставува шпански демократски бунт“.

Фудбалскиот експерт на Би-би-си за шпански фудбал, Сил Лоу, изјави: „Тврдењата дека Адидас и шпанската федерација со новите дресови сакале да предизвикаат политички момент е смешна. Нема поента да се ставаат дресовите во политички контекст. Но ако знаеме дека речиси секогаш има некоја дебата околу шпанската репрезентација, ова и не е некое изненадување“.

Дресот кој предизвика контроверзи доаѓа во сензитивен период за шпанската политика, брзо по референдумот на Каталонија за отцепување од Шпанија, па можеби и затоа предизвика посебно внимание.

Адидас и Шпанската фудбалска федерација на прес-конференција демантираа дека дресот има каков било политички контекст.

„Дресот што шпанската репрезентација ќе го носи за време на Светското првенство 2018 година, нема никаков политички контекст“, тврдат тие.

Произведувачот на опремата само сакал да направи ретро-дрес од оној што шпанската репрезентација го носеше на Светското првенство во САД 1994 година.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...